Посно јадење кое нема да ве остави рамнодушни.
Состојки:
4 пастрмки ( по 200 г.)
2 лажици лимонов сок
150 г. посен маргарин
250 г. ориз
450 г. тиквички
400 г. морков
120 мл. бело вино
кари, сол, бибер
Подготовка:
1. Исчистената пастрмка измијте ја со вода и исушете ја. Попрскајте со лимонов сок, посолете и побиберете. Во мал сад растопете 50 г. маргарин и со масата премачкајте ја рибата – однадвор или одвнатре.
2. Оризот варете го околу 20 минути вол 500 мл. посолена вода. Загрејте ја внатрешноста од рерната. Решетката обложете ја со фолија, ставете ја рибата и од секоја страна печете ја по 10 минути.
3. Зеленчукот измијте го добро, исчистете, а потоа печете го на тенки стапчиња. Сето тоа подинстајте го на 50 г. маргарин. Налејте вино и затворено гответе го околу 10 минути. Зачинете со шолј бибер и кари по вкус.
4. Пастрмката, оризот и зеленчукот сипете ги во чинија. Останатиот маргарин изрендајте го вез рибата. Сето тоа украсете го со магдонос и лимон. По желба, можете да додадете брокула, компир, грашок, пипер…