Мистеријата која ги мачи научниците со векови конечно доби свое решение.Така барем тврди група истражувачи од Универзитетот во Калифорнија која во магазинот „Nature Communications” објави текст за тоа зошто зебрите имаат линии.
Никој не можеше со сигурност да објасни зошто овие животни имаат толку живописни бои, но решавањето на било која загатка на еволуцијата е голем придонес во нашите знаења на природата“, напиша водечкиот автор и професор Тим Каро.
Решението кое го претстави групата на чие што чело се наоѓа тој вели дека линиите настанале како начин овие животни да се одбранат од нападите на мувите. Овој одговор не е нов, со оглед на тоа што и порано се претпоставувало истото. Меѓутоа, калифорниските научници први понудиле конкретен доказ дека оваа теорија е точна.
За да дојдат до решението, истражувачите ги споредиле географското простирање на популацијата на зебрите, коњите и магарињата и воочиле разлики во шарите на зебрите во зависнот од местата на живеење. Потоа податоците ги споредиле со варијаблите како температурата во споменатите предели, теренот и мувите.
Тие дошле до заклучок дека единствен фактор кој влијае на нивните шари е присуството на мувите.
„ Во деловите од светот каде има поголема концентрација на муви, шарите на зебрите се погусти“, пишува во истражувањето објавено вчера. Во текстот се дава објаснување дека изгледот на зебрите, еволуцијата го одредила на овој начин баш поради тоа што нивните влакна се пократки од оние на сродните видови, што ги прави повеќе подложни на убоди.
Останува меѓутоа, уште една мистерија – зошто мувите бегаат баш од црно – бели шарки. Но во тоа лежи убавината на природата, зарем не?