Компулзивното грицкање нокти е многу распространето, а секој кој се навлекол на оваа лоша навика добро знае колку е тешко да се одвикне.
Грицкањето нокти може да биде опасно за здравјето и да предизвика деформации на ноктите, воспалени на кожичката, проблеми со забите, тегоби во желудникот па дури и вирусни инфекции.
Ако сакате да престанете да ги грицкате ноктите пробајте ги овие едноставни рецепти и пронајдете го оној кој најмногу ви одговара. Среќно!
Трикови за изгризаните нокти да станат минато
1.Два пати дневно држете ги прстите 20 минути во масло (маслиново,рибино)
2.Намачкајте ги ноктите во Табаско сос
3.Тријте ги прстите со лута пиперка
4.Држете ги прстите пет минути во оцет
5.Држете ги прстите пет минути во лимонов сок
6.Тријте ги прстите со лук
7.Додека сте дома замотајте ги прстите со фластер
Важни напомени
– Внимавајте додека прстите ви се „лути“ или намачкани со масло,оцет или лимонов сок да не ги пипате очите и да бидете внимателни ако околу вас има деца или домашни миленичиња
– Чувајте во фрижидер морков, целер па дури и лед и секогаш кога ќе почувствувате потреба за грицкање на ноктите земете една од овие тврди намирници
– Ако кожичката околу ноктите ви е иритирана избегнете го лутиот сос и киселите препарати и наместо тоа одлучете се за фластери