Редок примерок на германски бомбардер извлечен од Ла Манш

Во втората светска војна, над каналот Ла Манш, бил соборен овој германски бомбардер од британски пилот. Авионот е идентификуван како Dornier Do 17Z Werke број 1160.

Авионот се верува дека е соборен во битката за Британија на 26 Август 1940 година, од страна на единицата на Болтон-Пол Дефајант.
Од екипажот на овој бомбардер, двајца биле заробени а другите двајца погинале при падот на авионот.

Воениот музеј на Британија, повеќе од две недели се обидувал да ја извлече оваа реликвија на војната стара повеќе од 70 години, но поради силни ветрови и струи во каналот, не биле успешни. Конечно денеска им успеа.

plane1 plane2 plane5 plane14

- Реклама -