Редок феномен снимен сосем случајно

Џејна Копелин сосема случајно снимила редок феномен, познат и како „огнен демон“, или комбинација создадена од оган и ветар.

Имено, возејќи се покрај една фарма во Мисури на која човек палел сено, како резултат на силниот ветар оганот се подигнал и тоа во облик на огнено торнадо.

Објавувајќи ја фотографијата на нејзиниот Инстаграм профил, Копелин напишала како тоа е „најкул но и најстрашната работа која некогаш ја видела“. Сликата за кратко време постана вистински вирален хит кој не престанува да ги воодушевува сите кои ќе ја видат.

Појавата која многумина ја нарекуваат „огнено торнадо“ настанува кога воздушна виулица ќе се спушти на место на земјата каде гори пожар.

10261251_722160501155772_213786026_n

- Реклама -