Американскиот телевизиски канал CBS објави дека 12-тата сезона на хит серијата „Два и пол мажи”, која ќе започне на есен оваа година, ќе биде последната за шоуто. Раководството на каналот соопшти дека креаторот на серијата Чак Лори ќе работи со ентузијазам над последните епизоди.
„Тој има многу големи идеи и големи изненадувања”, соопштија од CBS и ветија дека на местото на „Два и пол мажи” ќе се појави ново комично шоу.
Првата сезона на серијалот започна во 2003-тата година. Базирана е на односите меѓу композиторот-женкар Чарли и неговиот брат Алан, кој по разводот со неговата сопруга се сели да живее кај него. Многуте жени низ куќата, како и неспособноста на разведениот брат да комуницира со нив создаваат доста весели ситуации. Дејството се диверзифицира и со синот на Ален – Џејк, кој е чест гостин во домот на вујко си, како и од периодичното присуство на мајката на двајцата браќа.
На 7 март 2011 година Шин беше отпуштен од шоуто, поради навредливите коментари на адреса на Чак Лори. Од деветтата сезона Ештон Качер се најде како замена на главниот лик, Чарли Шин.
Првата епизода на новата сезона беше емитувана во САД на 19 септември 2011 година и ја гледаа повеќе од 28.74 милиони Американци, во споредба со првата епизода на минатата сезона, која имаше само 14.6 милиони прегледи од Американците.
Минатата сезона ја напушти и Ангус Џонс, синот на Алан, а на неговото место се појави Џени – непознатата ќерка на Чарли.
Серијата без Чарли и без Агнус е сра*е, па така ова е убава вест за сите вистинки фанови на ова шоу.