Рецепт за Ден на благодарноста во стилот на „Game of Thrones“

Денес американците го слават Денот на благодарноста- Thanksgiving Day и на овој ден се собира целото семејство давајќи благодарност за благословот на жетвата и на претходната година.

На филмовите гледаме како готват традиционално месо од мисирка, но оваа година американските медиуми понудија рецепт во стилот на „Game of Thrones“ кој сигурно ќе го искористат големиот број на обожаватели на оваа популарна серија. Рецептот можете да го испробате и вие и да се чуствувате поблиску до традицијата на оваа серија.

"When ordering venison ribs, be prepared for their ridiculous size." MORE RECIPES: http://itsh.bo/LQC1sC #gameofthrones #venison #food #recipes #dinner

Ребрa од срна според рецептот на Тајвин Ланистер

Состојки:

1 цели ребра од срнечко месо, пресечени на половина
1 1/2 шолји црвено вино
1 чаша мармалад од капини
1/2 шолја шеќер
4 кромида, ситно сечкани
нотка на мелено каранфилче
1 чешне лук, сецкано
1/2 кафена лажичка сол
сол и бибер за триење на месото

Подготовка:

Тријте ги ребрата со тенок слој на сол и бибер, и поставете ги во тава за печење. Печете на 160 степени еден час. Измешајте ги сите останати состојки во длабок сад. По еден час, се посипува маринадата над ребрата, и вратете ги во рерна. Зголемете ја температурата на 180 степени и гответе уште час и половина. Отстранете ја тавата од рерна, ставете ги ребрата на сад за послужување, и сосот од тавата префрлете го врз ребрата. Треба да биде густа смеса, но да може и да се посипе врз ребрата кога ќе се послужуваат. Поделете ги ребрата со вертикално сечење и сервирајте го. Пријатен апетит.

- Реклама -