Стотици светски лидери се собраа во Јоханесбург на стадиумот FNB Stadium за комеморацијата на Нелсон Мендела.
За илјадници ожалостени луѓе беше наменет стадиумот во Јоханесбург да му оддадат почит на „гигантот во историјата“.
Но, додека некои се сеќаваа на извонредниот живот на Нелсон Мендела, некои од светските лидери најдоа совршена прилика да се сликнат со нивните колеги- предизвикувајќи силни реакции од веб корисниците обвинувајќи ги за потценување на сериозноста на настанот.
Американскиот претседател Барак Обама, премиерот Давид Камерон и данскиот лидер Хеле Торнинг Шмит се стиснаа за брза слика на вчерашниот комеморијален собир за поранешниот претседател на Јужна Африка, предизвикувајќи излив на критика.
Како што триото позираше за мобилниот телефон, сопругата на Обама; Мишел седеше до сопругот но беше далеку од импресионирана и интригирана.
Обама претходно оддаде емоционална почит за Нелсон Мендела, именувајќи го поранешниот претседател на Јужна Африка „гигант во историјата“ како што зборуваше на стадиумот, каде што третина од седиштата мистериозно беа оставени празни.