Бијонсе им приреди сочно изненадување на фановите појавувајќи се на насловната страна на магазинот „Flaunt“. Иако фотографиите беа направени уште во 2011 година, тие дури сега испливаа во јавноста а на нив можеме да ја видиме сексипилната пејачка во голо издание прекриена само со бронзена прашина. Несомнено ова е најхраброто и разголено издание на Бијонсе до сега.