Путин забрани новогодишна прослава на плоштадот во Москва

Годинава полицијата нема да дозволи никому прослава на плоштадот по означувањето на полноќ, соопшти Алексеј Мајоров, шеф на безбедносната служба во Москва.

Црвениот проштад во Москва, традиционалното место за пречек на Нова година ќе остане затворен за славење на 31 декември, соопштија денеска руските власти.

Red-Square-Vladimir-Putin-620x350

Годинава, полицијата нема да му дозволи никому влез на плоштадот во време кога ќе се спојат стрелките на 12 часот на 31-ви декември, соошти Алексеј Мајоров, шефот на безбедносната служба во Москва.

Официјална причина за оваа одлука е снимањето на концертот на државниот “Канал1”, на кој ќе може да присуствува само избрана публика.

Мајоров вели дека полицијата ќе ги извести сите дека Црвениот плоштад е затворен поради еден настан и дека во градот има многу други места за добар провод, пренесуваат руските медиуми.

Сепак, многумина не ја пропуштија можноста одлуката конспиративно да ја поврзат со претпазливост од терористички напад, со оглед на тоа што во Москва после терористичкиот напад во Париз во октомври беа воведени дополнителни мерки за обезбедување.

-Не е тајна дека Москва е една од метите на листите за меѓународни терористички напади, изјави порано месецов Сергеј Собјанин.

Детектори за метал се поставени на влезовите од трговските центри, а на лицата кои ги обезбедуваат паркинзите дозволено им е да го проверуваат гепекот на сите автомобили кои им изгледаат сомнителни.

Покрај Москва и австриската полиција закажа во Виена два безбедносни состаноци по повод предупредувањата дека во периодот од католички Божиќ до Нова година се можни напади со користење на експлозив или средства за огномет.

Полицискиот портпарол Патрик Мајерхофер изјави дека полицијата ќе ја разгледува оваа ситуација на интерно ниво и дека потоа во текот на денот ќе одржи и состанок со железниците и јавниот сообраќај. Виенската полиција соопшто пред два дена дека добила дојава од “пријателски” служби неколку дека пред Божиќ.

Властите добија неколку имиња на потенцијални напаѓачи, но досегашните проверки и истрагата не донесоа “конкретни резултати”.

Полицијата наведува дека го зајакнала обезбедувањето на местата на кои се очекува да се собираат луѓе, вклучувајќи ги и сообраќајните патишта.

- Реклама -