Познатите личности на Твитер ги споделија своите мислења во врска со апсењето на Џастин Бибер.
Поп пејачот Џастин Бибер, по кој лудуваат тинејџерките низ светот, беше уапсен вчера вечерта во Мајами за возење под дејство на дрога, алкохол и возење со неважечка возачка дозвола.
Судијата изрекол казна за кауција од 2500 долари, а Бибер на крајот беше ослободен од затвор.
И додека неговите обожаватели го следеле секој чекор на познатиот пејач, некои познати личности откриле што мислат за случајот „Бибер“ на своите Твитер профили.
Комичарот Сет Роген мисли дека Бибер е „гомно“, а новинарот и правникот Ронан Фароу заклучил: „Сите ние сме изнајмено Ламбурџини на Бибер.“