Пуџдемон се предаде, уапсен во Белгија

Каталонскиот лидер заедно со уште неколку членови на неговиот кабинет самите се предале на белгиската полиција. Се разгледуваат опциите за екстрадицијата.

По Пуџдемон беше распишана европска потерница, како и по неговите поранешни министри од распуштената Влада на Каталонија.

Пуџдемон во понеделникот се појави во Брисел заедно со неколку други члена на неговиот кабинет. Истиот ден канцеларијата на шпанското обвинителство соопшти дека поднело кривична пријава против него, други членови на неговиот кабинет и неколку регионални пратеници, за бунт, поттикнување бунт и проневера.

Во Шпанија се закажани предвремени парламентарни избори по распуштањето на Владата во Каталонија, што ќе се одржат на 21 декември.

- Реклама -