Птицата што „се пушта“ како балерина

Постои една птица која танцува подобро и од најголемите професионалци на елегантната изведувачка уметност – балетот.

Станува збор за т.н. Parotia sefilata, која спаѓа во фамилијата на рајските птици (Paradisaeidae) и се одликува со средни димензии – околу 33 сантиметри должина.

bop-090809-040-version-2-1_1455186718

Птицата се наоѓа само во Индонезија – во планинските шуми, како и во западните региони на островот Нова Гвинеја, кои стануваат дел од Индонезија во 1963-та година.

Како и повеќето рајски птици таа e сексуално диморфна , што значи дека двата пола не се разликуваат само по своите полови органи, туку исто така и по специфичното однесување, големина и шарка. Машкиот примерок се одликува со црни пердуви, структурно засенчени со златна и зелена боја на градите, како и со сиви пердуви на главата во форма на триаголник. За разлика од машкиот примерок, женката се одликува со кафеави пердуви.

Видот е доста сличен со источната паротија, која од своја страна живее на источните делови на островот и се одликува со мали димензии (околу 27 сантиметри) и сребрени пердуви на предниот дел на главата.

Најкарактеристична особина на машката птица е нејзиното однесување за време на периодот на додворување , што преку својата уникатност и шарм го привлекува вниманието на луѓето од целиот свет.

Процесот на додворување е исклучително долг и исцрпувачки за птицата, но таа се труди максимално и не занемарува ниту еден детал. Започнува со внимателно чистење на паднатите лисја, поминува низ дисперзија на ситни овошки по земјата и стигнува до донесување на мерки против појавата на предатори во областа.

Сето ова се прави со цел местото на претстојната претстава да биде во совршен ред. Кога сите подготовки се финиширани, започнува долгоочекуваната претстава на птицата. Таа го започнува својот танц, налик на балет, ги шири страничните црни пердуви како фустан и ги тресе главата и вратот во издржано темпо.

Целта е да се покаже пред женката и да ја привлече за парење. Кога целиот процес на додворување завршува, женката самата го гради гнездото и се грижи за него.

- Реклама -