Богатата наследничка пред четири месеци роди девојче, а сега за првпат го покажа и бебето и нејзината линија по породувањето.
Овој месец за семејството на сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон, беше исклучително весел. Откако пред десетина дена ја омажи својата ќерка Тамара Еклстон во петокот ја крстеше својата прва внука, четиримесечната Лавинија.
Ќерката на 24-годишната Петра и нејзиниот сопруг Џејмс Стант, прв пат јавноста можеше да ја види за време на крштевката во црквата Св. Петар во Лондон.
По церемонијата семејството славеше во еден ресторан во кој Тамара и нејзиниот сопруг Џеј Рутланг пристигнаа од Азурниот брег каде што правеа свадба.
А по крштевката, Петра и Тамара со сопрузите се упатија на крстарење по Медитеранот и тоа на луксузната јахта „Diamonds Are Forever“.
„Многу сум возбудена што ќе одам на Капри со Џеј, Петра и Џејмс. Нема ништо поубаво од одмор со семејството“, напишала Тамара на Твитер и така ја откри локацијата на која ќе одмора богатото семејство.