Снуп Дог ќе биде една од главните ѕвезди на годинашниот „Егзит“ фестивал кој ќе се оддржува од 10 до 14 јули, традиционално на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Популарниот рапер ќе излезе по втор пат на сцената на најпрестижниот српски фстивал, каде ќе го претстави и својот најнов албум.
Снуп Дог периодов беше доста актуелен со промената на името, како и поради преминот во реге водите. За сега, се уште не е познато дали во Нови Сад ќе настапува како Снуп Дог или Снуп Лајон, како што овие денови преферира да го нарекуваат.
Раперот во 2007-та година, придружуван од бенд и MC-а, приреди еден од највлијателните настапи на „Егзит“. Рапуваше пред повеќе од 50.000 луѓе, а не се очекува ништо помал спектакл и оваа година.
Неговиот најнов проект е албумот „Reincarnated“, кој е снимен под влијание на Јамајка и реге музиката, од која раперот е особено фасциниран.
„Отидов во храм и свештеникот ми даде ново име“, изјавил раперот.
За сега не е потврдено кога ќе го претстави албумот кој го најави со синглот „La La La“, но затоа, премиерата на документарниот филм кој го следи неговото патување низ Јамајка е закажана за 15 март на фестивалот во Торонто.