Овој краток филм на Џејкоб Т. Свини ги прикажува првите и последните фрејмови на 55 филма. Некои се прилично апстрактни, но бројот на оние кои ќе можете да ги препознаете, ќе ве изненади.
„Некои од почетните кадри се исклучително слични на завршните, додека други се сосема различни – некои покажуваат напредок, други укажуваат декаденција, а некои се само ефективни слики кои се користат за почетокот и крајот на филмот.”
Можете да ја видите комплетната листа на користените филмови на страницата на видеото на Vimeo.