Иако калиграфијата е една од најстарите форми на уметничко пишување, уметникот Ендрју Ван дер Мерв, им дава сосема нова димензија.
Последниве осум години тој создава убави калиграфи на песочна плажа Кејп Таун, Јужна Африка.
Техниката се применува со помош на специјален инструмент кој изгледа како гигантско, четворострано, ренде (без дупки).
Понатаму користи специјални чевли, со чија што помош успева да не прави стапалки во песокот и нежно чекори околу неговиот дизајн, работејќи од внатре кон надвор.
Ендрју истакнува дека креира до совршенство, а понатаму работата им ја препушта на плимата и брановите.
Погледнете на кратко, како изгледа процесот при работењето.
http://youtu.be/iJgSerUGmuE