Првиот Фејсбук телефон повлечен од продажба

HTC First, или попознат како првиот Фејсбук телефон поради вградениот Андроид оперативен систем креиран од Фејсбук и наречен “Facebook Home”, беше повлечен од продажба од ексклузивниот преставник AT&T во средината на Мај, после само еден месец на продажба. Откако беше повлечен во САД, закажаната промоција за во Англија исто така беше откажана.
htc-first-slide-03
Телефонот што беше рекламиран како револуција во користењето на Фејсбук по цена од 99.99 долари, беше само обична апликација вградена телефонот која исто така можела да се симне од интернет, и тоа потрошувачите брзо го согледаа. Анонимен извор соопштил дека AT&T продал помалку од 15.000 уреди на национално ниво и тоа по цена од 0.99 долари.
htc-first21
Официјалниот став на Фејсбук за HTC First е дека делумно ја прифаќаат вината за неуспехот, а како главна причина го наведуваат фактот дека не го контролираат хардверот и оперативниот систем што HTC го користи, па поради тоа и не се во можност во целост да го доловат и пренесат искуството од компјутер на телефон. Марк Цукерберг изјавил доколку би имал време, не би имал проблем да ја изврши транзицијата успешно. HTC од друга страна пак, немаше никаков коментар во врска со наведениве случувања.
htc-first-price-drop-580-75

- Реклама -