Првата средба на Јоксимовиќ со неговите финалистки

Еден од членовите на жирито на музичкиот натпревар „X Faktor“ избра три финалистки од својата група на девојки.

Менторот одлучи дека Катарина Симиќ, Ива Чуриќ и Магдалена Богиќ одат во емисиите во живо.

По емисијата Жељко ги прегрна избраните девојки и ги замоли да се заколнат и да гарантираат максимална посветеност и концентрација во понатамошниот дел од натпреварите.

608986_x-faktor-foto-promo_f

Финалистките му ветија на Жељко макимална посветеност во натпреварувањето.

Пејачот потоа им кажа дека има најубава група и дека претчувствува како токму во неговата група се крие идниот победник на „X Factor“.

Девојките беа воодушевени и не можеа да поверуваат дека го продолжуваат натпреварот во емисијата која ќе се емитува на 17 мај.

- Реклама -