Кралскиот пар Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со своето синче малиот Џорџ продолжуваат да ги освојуваат симпатиите на своето службено патување во Австралија и Нов Зеланд.
Осуммесечниот принц Џорџ ја изврши својата прва официјална обврска, а тоа е да си игра со другите деца во градинка во Велингтон.
Симпатичното момче не ја симнало насмевката од лицето и ги освои срцата на сите присутни. Малиот принц се дружел со десетина врсници кои биле избрани за оваа пригода за да ја претстават богатата културна разновидност на Нов Зеланд.
„Родителите на децата кои биле присутни доаѓаат од различни заедници од Нов Зеланд, вклучувајќи ги Маори, Самоани, луѓе со кинеско потекло и парови со ист пол. Ова е многу мултикултурна земја и сакавме Војводата и Војвотката да ги запознаат луѓето од сите заедници“, изјавил претставник на Plunkett, организација за грижа на деца која ги одбрала децата кои учествуваа во дружењето со принцот Џорџ.
Малото семејство штотуку ја започна турнејата која ќе трае три долги недели. Своето патување по Нов Зеланд британското кралско семејство го продолжува во Австралија.