Конечно излезе првиот постер за „Escape Plan“, акционен трилер во кој ќе ги гледаме легендарните Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне.
Премиерата на филмот е закажана за 18 октомври, а е во режија на Микаел Хафструм.
Еден архитект е заробен во затвор кој самиот го дизајнирал, и сега мора да ги употреби сите вештини да избега и да дознае кој го заробил.