Премиерата на „Elysium“ (акција, драма, научна фантастика) е закажана за 9 август, а првиот постер за филмот беше објавен вчера.
Во главните улоги во ова филмско остварување ќе ги гледаме Мет Дејмон и Џоди Фостер, а режијата е на Нил Бломпкамп.
Дејствието во филмот е сместено во 2159 година, каде богатите луѓе живеат на вселенска станица во орбитата, додека останатите се оставени на разурнатата Земја. Еден човек тргнува во мисија да донесе еднаквост во поларизираните светови.