Џорџ Клуни и неговата невеста, адвокатката за човекови права Амал Аламудин пристигнаа во градското собрание во Венеција за формализирање на нивниот брак.
Двојката, која се венчаше во раскошна, прикладна за ѕвезди церемонија во саботата навечер, изгледаше воодушевена додека пловеа до матичната церемонија на брод наречен „Amore“ (љубов).
Аламудин носеше кремаст костум со панталони и голем шешир на церемонијата во понеделникот, што мора да признаеме дека изгледа прекрасно и прикладно на неа. Алудира на софистицираност, елеганција, посебна и севременска убавина, отсликувајќи ја самата Амал.