Познатата пејачка Џенифер Лопез во својата книга „True Love“ проговорела за пропаднатиот брак со Марк Ентони, како и за нивното болно раскинување и моментот кога одлучила дека ќе го остави“, пишува People.
„Точно се сеќавам на моментот кога сфатив дека сè е изменето. Сите во мојата околина мислеа дека мојот живот е фантастичен, но никој тогаш не знаеше навистина колку е лош мојот живот. Мојот брак се распаѓаше и бев преплашена. Го знаете она чувство кога најмногу сакате да вриснете од болка, страв и паника? Се сеќавам дека тогаш на мајка ми ѝ реков: „Мислам дека не можам да бидам повеќе со Марк“, напишала Џеј Ло во книгата.
Таа напишала и дека трпела различни злоупотребувања од поранешните партнери, како оние психичките, емоционалните и вербалните.
Пред Марк Ентони, Џен зад себе има два пропаднати брака, а со него ги доби близнаците Ема и Макс.