На денешното рочиште за „Титаник“ се слушаа снимките наречени бомби, во кои поранешниот шеф на кабинет на премиерот (Груевски) организира поткуп на Роми во Струмица.
„Дај му на Кире (Божиновски н. з.) податоци за цигани, мигани, све живо. Рокот за исплата е денеска. Јас му дадов налог да исплати денес до 3 саат све. До 3 да завршите све!“, му вели Протуѓер на Миле Јанакиески, пишува СДК.
Во продолжение на бомбите вмешаните Божиновски, Јанакиески и Протуѓер разменуваат информации за организирано носење гласачи иселеници.
На денот на изборите, дел од обвинетите комуницираат меѓу себе давајќи си отчет за тоа каде се јавиле и колкумина од списоците излегле на гласање.
Во „Титаник“ се обвинети и Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Билјана Бришкоска-Бошковски, Едмонд Темелко и други.