Говорната пошта на кралското семејство била хакирана, а сега сите детали од нивниот приватен живот излегоа во јавноста.
Судењето на поранешните новинари и уредници на таблоидот News of the World, заради нелегално прислушкување и следење на говорните пораки од мобилните телефони на славните личности, сега откриваат нови детали.
Сега се откриени приватните пораки кои Вилијам ѝ ги праќал на својата тогашна девојка Кејт Мидлтон. „Еј мала, јас сум. Извини, само што се вратив од моите ноќни навигациски вежби. Ми недостигаше. Сеуште сум буден и ќе бидам наредните 20 минути, одам по туш, па да се слушнеме… освен ако не си искочена и забавуваш“, гласела пораката на хакираната говорна секретарка, пренесува E!Online. Вилијам тогаш бил на тренинг во воената академија во Сандхуртс каде имал ограничени повици, но сепак секој слободен момент праќал пораки на својата Кејт.
Но, имало и опасни моменти, а во една од нив Вилијам за малку ќе бил застрелан. „Трчав низ шумата и се изгубив, некако се најдов во заседа и е прилично засрамувачки, но за малку ќе бев погоден. Обиди се да ме добиеш во наредните 25 минути. ОК драга, те сакам“, следува во продолжението на пораката.
Симната е уште една негова порака, со помалку „опасна“ соджина, во која ѝ кажува на Кејт да оди на лов со кучињата и ја вика да му се придружи. Освен пораките за Кејт, принцот пратил и духовита порака на својот брат Хари тангирајќи ја неговата тогашна девојка Челзи Дејви: „Хари, Хари, бацки и гушки, многу те сакам, мнооогу, Челзи е ако не примети, се гледаме наскоро! Бакнежи!“, Вилијам оставил шеговита порака на секретарката.