Запознајте ја „Принцес Кимберли“, барем своевремено така била позната на социјалната мрежа „МуSpace“, во периодот додека работела како потрчко на познатата милијардерка Парис Хилтон.
Имено, UsWeekly успеале да дојдат до профилот кој што старлетата Ким Кардашијан го поседувала во 2006 година.
Ким, која тогаш имала 25 години, била потпишана како Принцес Кимберли, напишала дека сака да го сретне „Господ“ и дека некогаш би сакала да има деца.
Ким своевремено работела како потрчко на Парис Хилтон -го средувала нејзиниот гардеробер, и ги масирала нозете и не смеела да разговара без нејзина дозвола. Нивното „пријателство“ заврши кога Ким се прослави како најдобриот задник во светот, благодарение на порно видеото кое што се појави во јавноста.
Прочитај повеќе на темата: Минато од кое се срами: Ким Кардашиан била потрчко на Париз Хилтон
Еве ги фотографиите од нејзиниот профил.