Протече видео од Кејт Мидлтон во издание кое не сме го виделе до сега!
Кејт Мидлтон, пред да стане Војвотката од Кембриџ, се обидела да настапи на „даските кои живот значат“.
Всушност, 11-годишната Кејт ја глумела Елиза Дулитл, Кокни цвеќарницата, во училишната музичка претстава ‘My Fair Lady’ во 1993-та година, а нејзиниот ‘Cockney’ акцент ја забавувал публиката, пишуваат британските медиуми.
Во мјузиклот, фонетичарот Хенри Хигинс поминува часови и часови подучувајќи ја девојката на „правилен“ англиски јазик, за во друштво да ја претстави како „вистинка дама од високото друштво“.
Но, тоа не ѝ бил единтвениот настап на британската Војвотка. На возраст од 13 години, Кејт глумела главна женска улога во мелодрамата ‘Murder in the Red Barn’.