Прошетајте низ луксузната вила на Џани Версаче

Фамозната палата на италијанскиот дизајнер Џани Версаче, и воедно местото каде тој беше смртно застрелан, во моментов се наоѓа на аукција. Екстравагантно шарениот дом, познат под името „Casa Casuarina“, оригинално беше изграден во 1930-та година а во него има разни мозаици, скулптури, фонтани, базен, необичен ентериер и прекрасна тераса со поглед на океанот. Вилата која се наоѓа во Мајами, на почетокот беше проценета со вредност од 125 милиони долари, но подоцна цената постојано опаѓаше, се додека не стигна до 50 милиони. Откако агентите после година дена потрага повторно не најдоа купувач, одлучија да ја стават на аукција.


article-2156467-138330A9000005DC-716_634x907