Пропаст на момчето од „Baywatch“

Актерот, најпознат во ликот како син на Мич Бјукенен, е под полициска истрага.

Претходно се лекувал од зависноти.

Џереми Џексон (33), кој телевизиската публика го памети како симпатичното момче од „Baywatch“, е под истрага поради семејно насилство, пренесува Mondo.

Џексон, кој се борел со зависноста од дрога, исчезнал откога од неговата куќа е добиен повик до полицијата.

Бројот на итните случаи го повикала неговата сопруга Лони Вилсон (31), и навела дека Џексон физички на нападнал, а потоа побегнал.

„Неговиот телефон е исклучен, и многу сме загрижени“, навело семејството на актерот.

Ова не е прв пат некогашниот Хоби Бјукенен да предизвикува скандали. Минатата година направил инцидент во куќата на Парис Хилтон, тепајќи се на една забава. Пред тоа, учествувал во реалити шоуто „Celebrity Rehab“, во кое познатите личности ја прикажуваат својата борба против зависноста од дрога или алкохол. Тој, конкретно, се лечел од зависноста од стероиди.

Тоа ги објаснува неговите насилни побуди…

- Реклама -