Станува збор за филмот „Stoker“, прв филм на Парк Чан-вук на англиски јазик.
Славниот корејски режисер Парк Чан-вук, најпознат по филмот „Oldboy“, го сними првиот филм во САД на англиски јазик, со Никол Кидман во една од главните улоги.
Станува збор за мешавина од психолошки трилер и хорор наречен „Stoker“. Тоа е приказна за вдовица (Кидман) која во својот дом го прима нејзиниот чуден вујко, додека нејзината ќерка Индиа сфаќа дека со нејзиниот роднина нешто не е во ред…
Филмот во американските кино сали стигнува на 1 март. Ридли Скот е еден од продуцентите, а еве како изгледа промотивното видео:
[youtube]http://youtu.be/u3OTfFi9wD4[/youtube]