Промените се очигледни: Лицата на убавиците некогаш и сега

Нивната работа е да се прикажат во најдоброто можно светло, а благодарение на нивниот PR-тим, овие убавици се предмет на восхит и кај мажите и кај жените. Секако, станува збор за познатите актерки и пејачки чии лица со години ги гледаме на телевизиските екрани, интернет страници и списанија, а чија убавина никогаш не бледее.

Впрочем, повеќето од нив со текот на годините стануваат дури и поубави од нивните почетоци. Но, освен добрите гени, факт е дека за нивната убавина се заслужни и дисциплинираниот начин на живот како и третманите за убавина и козметички зафати кои речиси никоја девојка со вообичаени приходи не би можела да си ги дозволи.

Направивме мал времеплов кој ни открива како ѕвездите како Меган Фокс, Ким Кардашијан, Џенифер Анистон, Софија Вергара и други, денес изгледаат дури и подобро од пред неколку децении.

60608944