Џорџ Клуни откри дека неговата престојна свадба со прекрасната вереница Амал Аламудин ќе се одржи не на неговото сакано езеро Комо, туку во Венеција, Италија.
Примајќи награда во сликовитата Токсана во неделата за време на настанот „Celebrity Fight Night“, тој ја откри оваа информација, а цела вечер Џорџ бил неразделен од својата вереница.
„Ја запознав мојата сакана идна сопруга тука во Италија, со која ќе се венчам, за неколку недели, во Венеција, до сите места“- изјавил 53 годишниот заводник.
Облечени компатибилно, Амал во црна долга и елегантна тоалета со впечатливи обетки, а Џорц во црно елегантено одело, тие за прв пат се појавија заедно на црвениот тепих и блескаа пред камерите.
Како што светските медиуми тврдат, Амал веќе одбрала и креатор за својата венчаница.
Наводно, таа неодамна го посетила салонот на Александар Меквин, во кој сега главна е дизајнерката која ја креираше венчаницата на Кејт Мидлтон и Јелена Ристиќ.