Се наоѓаме во оној период од годината кога температурата толку често и непредвидливо се менува, што не знаеме како да се облечеме. Едно од најпрактичните решенија во моментов се тенките пролетни јакни, кои ќе не заштитат од неочекуваниот пад на температурите, а нема ниту да ни направат да ни биде непријатно топло во жешките денови. Ова е едно од оние парчиња гардероба кое секоја девојка треба да го поседува во барем еден примерок во ормарот. Не само што се навистина практични, туку и допринесуваат да изгледате целосно модерно и шик. Добра вест е што оваа сезона буквално каква јакна и да облечете, нема да погрешите. Навистина, се се носи. Секако, предност имаат колоритните и шарени парчиња кои допринесуваат до лежерен и весел изглед, како и безвременски модерните тексас-јакни, но ниту сако во поелегантните прилики нема да претставува промашување. Напротив, тие и оваа сезона остануваат во игра.