Проколнатите филмови со многу отворени прашања

Секогаш има интересни приказни од киното кои успеваат да создадат морници. Сигурни сме дека ја знаете судбината на Брендон Ли и неговиот син, кои гинат на сцената, откако се покажало дека оружјето не е безбедно. По овој случај, техничарите почнуваат да проверуваат  се до последен детал, но  понекогаш тоа не е доволно. Погледнете ги  филмовите и улогите, за кои се верува дека се проколнати од самиот почеток, барем во тоа веруваат и актерите.

Воден свет

Буџетот на овој филм бил  околу 5 милиони долари, но по влечењето на заемите надминал 200 милиони долари. Филмот никогаш не успеал да ја  врати огромната  инвестиција, бидејќи  направил само 88 милиони долари. Роџер Корман (првиот продуцент) дознал дека ќе биде  многу тешко да создаде филм кој е направен целосно врз водената површина. Парите не стигнале, а повеќето  актери страдале од морска болест. Двојникот на Костнер за малку ќе починел  во една од сцените.

Страстите на Христос – The Passion of the Christ

Фотографот бил погоден  два пати од гром, а главниот лик Џим Кавиезел останал со исчашено  рамо и искината  кожа за време на сцените. Актерот исто така бил погоден од гром  и неговите колеги дури велат дека му излегувал чад од ушите. Приказната не завршува тука. Понатаму следувале: инфекција на белите дробови, жестока пневмонија, главоболка и воспаленија на кожата…

Матрикс

Веднаш по завршувањето на вториот дел, луѓето чувствувале дека овој филм има неверојатно проклетство врз себе. Сето тоа започнало со Кијану Ривс и неговата девојка Џенифер Сим, која родила мртвородено дете.  Неколку недели потоа умeла  уште една актерка од филмот на 22 годишна возраст.  Трагедијата ги натерала луѓето да престанат со снимање  неколку месеци. Глорија Фостер (во главната улога на гатачка) исто умира и треба да биде заменета. Ривс потоа завршува во болница откако доживува несреќа со мотор, а неговата сестра се бори со леукемија и го тера актерот да остане крај  неа во болницата. За довршувањето на филмот, Кијану плаќа 24 милиони долари од своите пари, откако се чувствува должен за одолговлекувањето. Добрата вест е дека парите му се враќаат, бидејќи филмот има сериозен рејтинг.

Црниот витез

Да, ќе зборуваме за Хит Лиџер кој го носи проклетството на Џокер од филмот. 12 луѓе умираат за време на снимањето на последниот дел, а четири години порано доаѓа и трагедијата на Леџер. Подоцна се појавија шпекулации дека  Џек Николсон го советувал младиот актер да не ја толкува  таа улога, но сепак  талентираниот  Хит Леџер бил подготвен   на сè за да успее. Новиот Џокер спиел само по два часа навечер, се борел со депресија и водел дневник во слободно време. Најстрашното  доаѓа кога дневникот се отвора и на последната страница е испишано „Bye Bye” со негова слика во шминката на херојот.

The Conjuring

Ова е еден од  филмовите кои се многу интересни за обожавателите на страшни приказни. Приказната раскажува за семејство кое купува опседната куќа од духови. Сепак стравот започнува за време на снимањето кога од екипата тврдат дека мнгупати чувствувале силен ветер, а дрвјата не се поместувале.

Каролин, девојката од вистинската приказна,  исто доживеала и присуство на нешто доста застрашувачко, додека од надвор го гледала нејзиниот поранешен дом за време на снимањето. Еден ден подоцна, хотелот на филмска екипа се запалил  и сите морале да бидат евакуирани. Кучето на Џејмс Уон почнало да ржи против невидливи објекти во собата и продолжувало да го прави тоа до крајот на снимањето на  филмот. Вера Фермига (ја игра улогата на жената со паранормални сили) признава дека никогаш не можела  да ја чита својата улога   дома, бидејќи многу често доживувала парализиран страв, а еднаш дури открила три дамки на лаптопот кои што личеле на  животинска шепа.

 

- Реклама -