Потребни состојки:
250 грама пченкарно брашно
250 грама бело брашно
400 мл. млеко
400 мл. минерална вода
150 мл. масло за јадење
3 јајца
1 прашак за печиво
200 грама ситно гмечено или рендано сирење
400 грама измиен и иситнет спанаќ
Подготовка:
Сите состојки освен спанаќот се соединуваат и убаво се мешаат со мешалка додека смесата стане уедначена. Во неа се става спанаќот и повторно смесата се меша. Во подмачкан плех се става хартија за печење и во садот се става целокупната смеса за да се пече во претходно загреана рерна.
Печењето трае околу 40 минути на 250 степени.
Се сервира за појадок во комбинација со кисело млеко или сок од домати