Професор по математика измислил оригинален начин како да ги казнува своите ученици.
За некои ова е и малку застрашувачко, бидејќи откако некој ќе згреши, на таблата го испишува името на следниот „губитник“ во серијата „Игра на престоли“.
Професорот е запознаен со содржината бидејќи веќе ги прочитал книгите на Џорџ Р.Р. Мартин и штом часот ќе појде во непосакуваниот правец тој се заканува дека ќе ја обелодени следната жртва во серијата.
Со оглед на популарноста на серијата, не е изненадувачки што овој метод вродил со плод.