Професор покрај кој секое дете би ја засакало физиката

Ден Барнс е професор по физика во едно средно училиште во Калифорнија, а успеал да смили како на интересен начи на своите деца да им објасни една од научните теории во историјата.

Теоријата на релативитет и геометриската теорија на гравитација, која ја развил Алберт Ајнштајн кон почетокот на 20. век, се смета за столб на модерната физика, а со квантната механика, се клучни за разбирање на светот.

Меѓутоа, овие сложени научни концепти, покрај својата важност, во училницата ретко привлекуваат внимание, онакво како што заслужуваат, Но, не и кога предава Барнс кој судејќи по коментарите на Јутуб ужива огромна почит кај учениците.

На видео- снимката која е поставена на Јутуб се гледа дека овој наставник преку практичен пример им ја објаснува на учениците теоријата за гравитација, користејќи чаршав од ликра и неколку џамлии. Погледнете…

- Реклама -