Професија – деверуша

Сите сакаме  свадби, но Џен Гланц ги обожава толку многу, што одлучила да заработува  така што ќе стане  професионална деверуша на хонорар.

Слично како во филмот „27 фустани“ идејата и паднала  на памет на 26-годишната Џен откако влегла  во улогата на деверуша на свадбата на сите свои пријателки.

Се покажало дека таа е толку добра во тоа,  што одлучила да и ги  понуди своите услуги на непознати. Освен соодветната такса, блондинката ветува дека ќе ги натера гостите на свадбата да танцуваат и дури и ќе ги напише говорите кои што се потребни за денот. Освен тоа Џен помага и со носењето на  фустанот на невестата, доколку е потребно.

article-2728679-20A1746300000578-530_638x672

 

Прочитај повеќе: Свадба со камила, магаре или слон 

„Секогаш сум обожавала свадби и сум сакала да бидам дел од нив.” – споделува г-ца Гланц.

„Мојот омилен дел е кога невестата се упатува кон олтарот. Тоа е моментот кој што претходи година на планирање, проби, емоции  …”.

„Сметам дека има нешто многу специјално во моментот, во кој двајца луѓе  си ветуваат еден на друг дека ќе го поминат својот живот заедно – обожавам да бидам сведок на тоа” – дополнува Џен.

Покрај сето останато русокосата смета дека присуството на голем број на  свадби ќе и помогне во откривањето на нејзиниот партнер.

„Секогаш се трудам да го фатам букетот. Прилично сум срамежлива со мажите и никогаш не ми се случило да бидам верена  или нешто слично. Мајка ми вели дека свадбите се најсоодветно место за да се открие достоен ерген  и многу се возбудувам “.

article-2728679-20A173CD00000578-641_638x783

Прочитај повеќе: Венчавка во трегери и стартки: Запознајте ги најслатките младенци на Балканот

Откако Џен го пуштила огласот за услугите за прв пат на Интернет, нејзината поштенска  кутија се преполнила. Американката добила барања од Англија, Израел, Турција, Виетнам и Австрија. Сигурно се прашувате какви причини би имале идните невести, за да имаат потреба да ги искористат услугите на професионална деверуша?

„Некои велеа дека нивните пријатели не се многу добри во планирањето на големиот ден, други ми рекоа дека нивните блиски се премногу далеку и нема да успеат да присуствуваат на свадбата, трети едноставно немаат пријатели.” – Објаснува Џен.

article-2728679-20A173C500000578-717_310x495 (1)

Прочитај повеќе: Најубавите свадбени фотографии од целиот свет

- Реклама -