Оваа сезона еден од најинтересните трендови е секако проѕирниот материјал.
Откако сите славни ги износеа проѕирните чевли на Louboutin, во продавниците стигнаа и чантите од пластика во кои сета содржина е достапна на љубопитните очи, но и фустани и блузи со проѕирни делови и проѕирен накит.
Нам ни се допаднаа и овие симпатични дневни чевли кои не им простуваат на запуштените стопала.
Овие убавици во машки стил се идеални за на факултет или на работа, а супер ќе стојат и со мини здолништа.
Ако сакате да бидете во тренд, а преферирате рамни обувки побарајте еден од овие модели или одлучете се за дамски балетанки во кои стопалото ќе ви изгледа неодоливо.
А за оние најхрабрите предлагаме проѕирни чевли со високи потпетици.