Нема сомнение дека снимањето на голи сцени е многу непријатно за одредени актери, што го докажаа и продуцентите на серијата „Game of Thrones“ кои платиле неверојатни 200.000 долари, за да ја видиме Лена Хеади како шета гола во една од сцените во новата сезона.
Веднаш по појавувањето на информациите дека Лена би требало да шета гола по улиците на Дубровник, реагирала и католичката црква во Хрватска, која жестоко се противела на снимањето на сцената, но таа сепак на крај е снимена.
Со цел на актерите да им биде што попријатно во снимањето на овој дел, продуцентите целосно затвориле дел од Дубровник за сите посетители и поединечни статисти.
Овој потег ги чинел дури 50.000 долари на ден, а со оглед дека им биле потребни дури четири дена за да ја снимат сцената, конечната сметка ги фатило 200.000 долари.