Продолжува „војната“ Карлеуша – Ким

Најдобриот пријател на Ким Кардашијан застана во нејзина одбрана, но набрзо мораше да се повлече.

Најдобриот пријател на старлетата Ким Кардашијан, Џонатан Чебан, претходниве денови започна војна против српската дива Јелена Карлеуша, но на крајот на денот сепак мораше да се повлече.

Имено, Јонатан е сопственик на американски портал што се обиде да ја дискредитира Ј.К и нејзиниот моден стил, поконкретно приказната која што ја објавија сите светски медиуми ( дека Ким го копира нејзиниот изглед), но се најде на остри коментари и критики на социјалните мрежи.

Прочитај повеќе: Фотографии од стајлинот на Карлеуша, што потоа го краде Ким

Тој прво објави пост, а потоа на својот Инстаграм слика од Јелена и буквално ја „шамареше“ од критики, но на публиката не и требаше долго да го провери неговиот текст и да види дека малку си поиграл со датумите на фотографиите и стајлингот, за да докаже лажна поента дека Јелена ја копирала Кардашијан.

– Дури и да е ова вистина, како го објаснуваш тоа што Ким за пет дена се појавува со идентичен стајлинг како оној на ЈК?! е еден од коментарите.

Откако ситуацијата беше откриена, Џонатан ја избриша фотографијата која ја објави и ги замоли сите да престанат да го вознемируваат за тоа.

– Ги молам луѓето да престанат да ми пишуваат за Јелена која не ме интересира. Тоа е само пост на мојот сајт, се правдаше тој.

- Реклама -