Продал бубрег да плати долг од игрици

Жанг Чуе има 18 години е само што го продал својот бубрег за да исплати долг од видео игра. Жанг парите му ги должел на негов другар кој му бил противник во некоја видео игра. Тие се кладеле кој има посилен лик и кој знае подобро да ја игра играта. На крајот Жанг останал должен 3.000 долари.

За да го подмири долгот, Жанг подолго време барал на интернет каде да го продаде својот бубрег и на крајот успеал. Во кинескотото подземје пронашол група на луѓе кои му понудиле 6.500 долари, а тој без страв за неговото здравје прифатил. За негова среќа операцијата поминала без проблеми и тој ги добил парите.

Кинескита полиција ја објавиле оваа сторија во склоп на истрагата која се води сеуште. Тие истакнале дека цената за која се договорил Жанг е всушност 15% од вистинската вредност на бубрег на црниот пазар во Кина.

Жанг како што известува полицијата, не бил заинтересиран да соработува со нив и се вратил на играњето игри на интернет.

- Реклама -