Се чини дека познатиот пар, Џесика Бел и Џастин Тимберлејк, имаат проблеми во врската.
Пред само неколку месеци биле именувани како најзаљубениот пар, а сега се шпекулира дека се разделуваат. Се чини дека Џесика Бел и Џастин Тимберлејк имаат проблем во рајот.
Коментарите за раскинувањето почнале да се шират откако парот не дошол заедно на шоуто ‘Saturday Night Live’ на кое гостуваше Џастин Тимберлејк.
Исто така, од неодамна Џастин е виден без прстен на рака за време на својата турнеја.
Во ноември започна слична лавина на озборувања кога Џесика не се појавила на American Music Awards. На својот Твитер профил тогаш објавила порака за да ги прекине сите трачарења.
Можеби и сега е само уморна па останала дома, а можеби пак…