Колин фарел во шоуто на Ellen DeGeneres зборување за романсата со најголемата холивудска дива, покојната Елизабет Тејлор.
Колин Фарел гостуваше во шоуто на Елен и откри дека холивудската икона Елизабет Тејлор е неговата најголема љубов. „Тоа беше романтична врска која никогаш не беше конзумирана“, изјавил ирскиот актер.
Сето тоа започнало кога познатиот актер дошол во болница и го чекаше раѓањето на својот помлад син. Таму тој се сретнал со менаџери на Елизабет која била на операција на срцето и преку него ѝ пратил поздрав.
Неколку дена подоцна сакал да ѝ прати цвеќе, а покојната актерка била воодушевена и му возвратила со букет орхидеи како благодрност. Откако неговиот потпарол пренесол неколку поздрави, започнале да се дружат. И двајцата страдале од несоница, па знаеле да водат долги разговори по телефон до раните утрински часови.
„Ја обожавав, беше спектакуларна жена“, изјавил Колин за познатата актерка која почина на 79-годишна возраст. Тој додаде дека не би имал ништо против да ѝ бил нејзин 8-ми сопруг. Дури на нејзиниот погреб прочитал песна, која самата по себе говори колку биле поврзани.
Во приложеното видео можете да погледнете што се Колин имаше да каже за неговата романса.