Двајца браќа од Сарај ќе бидат 30 дена во притвор за злосторничко здружување, изнуда и неовластено поседување оружје, но и уште неколку кривични дела.
Тие се осомничени дека формирале злосторничко здружување за присилна наплата на долгови кај лихвари, по што добивале по 8% од секој наплатен долг. Покрај двајцата браќа, во групата учествувале уште шест лица од Скопје, Струга, Велес и Неготино.
Кривично се гонат и лихварите кои ја ангажирале оваа рекетарска група.
Е.Д.