Musha Cay, Бахами. Приватниот остров е сопственост на познатиот илузионист Дејвид Коперфилд. Можноста да поседуваш вакво волшебно парче земја ретко кој ја има, а од самите фотографии може да се забележи дека е неповторлива привилегија. Бегството од цивилизацијата, неповторливите хоризонти и пејсажи, ситниот бел песок и тиркизната вода, претставуваат вистински рај за душата.