Галеријата подолу може на прв поглед да ви изгледа како серија на лажни фото-манипулации, но верувајте дека е многу пореална од тоа што изгледа. Станува збор за рускиот физичар Леонид Тишков кој патува низ светот заедно со неговата „лична“ месечина.
Уметникот ја креирал месечината пред 10 години за потребите еден уметнички перформанс, по што го задржал светлечкиот објект во неговиот стан. По извесно време, започнал и да патува со него.
„Патував 10 години со мојата приватна месечина, и секој пат таа ми откриваше се поширок простор. Месечината е светла точка која ги соединува луѓето ширум светот заедно, од различни националности, религии и култури“.