Зарем не обожавате кога нешто е толку многу добро и истовремено толку едноставно?
На сите некогаш ви се случило да нарачате пица со пријателите, но поради немање на соодветен кујнски прибор до вас во моментот, целосно да ги извалкате рацете, а понекогаш дури и облеката.
Дизајнерската фирма „Ecovention, LLC“ дојде до идеалното решение креирајќи ја таканаречената „GreenBox“ кутија за пица.
Доколку сите пакувања би биле вакви, не би морале премногу да се грижите на што ќе јадете, или пак непотребно да ги валкате чиниите. Оваа кутија која се „расклопува“ во неколку импровизирани картонски чинии, е толку практична, што не тера да се запрашаме зошто се уште ја немаат воведено во сите пицерии. Мудар изум кој дефинитивно треба што побрзо да се примени.