Меѓу пролетното сезонско овошје, за многумина, јагодите се највкусниот избор од она што природата го нуди во моментов.
Иако се секогаш добредојден додаток во сите видови на десерти, сепак, факт е дека овие црвени сочни овошки се највкусни кога се јадат свежи. Единствената маана која тие ја имаат е нивната краткоточност. Но, со помош на еден едноставен трик, може да се продолжи нивната свежина.
Се што треба да направите е мешавина од јаболков оцет и вода во размер 1:10. Во смесата, додадете ги јагодите и оставете ги во неа неколку минути. Потоа убаво измијте ги оставете ги на чиста кујнска крпа за да се исушат што подобро.
На крајот, ставете ги јагодите во замрзнувач, по што нивната свежина ќе потрае и до две седмици, а благодарение на јаболковиот оцет, ќе биде одложено нивното омекнување.